Египет се подготвува да ги прими ранетите Палестинци од силно бомбардираниот Појас Газа преку граничниот премин Рафа за медицинска помош, соопштија во вторник медицински и безбедносни извори.
„Копнениот премин Рафа меѓу Газа и Египет утре ќе биде отворен за да може „голем број повредени да заминат на лекување во египетските болници“, изјави Ваел Абу Омар, медиумски директор на преминот.
„Медицински тимови ќе бидат присутни утре (среда) на преминот за да ги испитаат случаите кои доаѓаат од Газа веднаш штом ќе пристигнат… и да ги утврдат болниците во кои ќе бидат испратени“, рече медицински претставник во египетскиот град Ел Ариш.
Безбедносен извор на преминот Рафа ја потврди информацијата.