САД ги осудија антисемитските акции во аеродромот во Махачкала во Дагестан што се случија во неделата навечер кога гневна толпа навлезе во зградата и бараше лица кои со лет од Тел Авив транзитираа до Москва.
-Ги повикуваме руските власти јавно да ги осудат овие насилни акции и да ги повикаат на одговорност учесниците, и да осигураат безбедност на Израелците и Евреите во Русија, изјави синоќа на брифинг за новинарите Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.
Рече дека го прегледал видеото од настанот објавено на социјалните мрежи и дека нередите изгледале како „погром“.
Според Милер, изјавата на МНР на Русија за улогата на Украина во упадот во аеродромот во Махачкала била „апсурдна“.
Северниот дел на Кавказ уште од 7 век е населен со заедница на горски Евреи која се најде во центарот на меѓународната јавост по нападот во Махачкала. Кон средината на минатиот век таму живееле десет илјади горски Евереи, додека денес, според локалниот рабин живеат 300 до 400 семејства.



