Хајди Клум позира гола во пресрет на Ноќта на вештерките: „Затишје пред бура“

Хајди Клум секоја година воодушевува со своите сега веќе легендарни костими за Ноќта на вештерките, а оваа година својот нов костим го најави со фотографија на „Инстаграм“ на која позира гола.

Супермоделот (50), позната како кралица на костимите за Ноќта на вештерките, сподели фотографија на која лежи целосно гола на розова софа со рацете кои ѝ ги покриваат градите, а зад неа има голема слика на два лика.

„Затишје пред бура. Остануваат уште три дена до Ноќта на вештерките. Моето мото оваа година е: биди храбар или остани дома“, напиша таа во описот на објавата, а фановите почнаа да шпекулираат за што се работи.

За потсетување, минатата година на нејзината забава за Ноќта на вештерките во Њујорк манекенката се појави во костим на црв, кој ѝ го покриваше целото тело и ѝ се гледаа само очите и устата.

Претходно, таа се појавуваше во низа впечатливи костими, како Фиона од „Шрек“, врколак од „Трилер“ на Џексон, златен вонземјанин и Џесика Ребит, а за да го направи костимот на вонземјанин ѝ беа потребни повеќе од 10 часа, кои ги потроши на шминка и ставање протетика.

Треба да знаете
Последни објави