Ненамерниот гаф на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ е еден од деталите кои ја обележаа синоќешното доделувањето на „Златната топка“, во организација на „Франс фудбал“.
Ѓоковиќ беше во центарот на вниманието од самиот почеток, кога се сретна со Лионел Меси. Ѓоковиќ, подоцна ја прогласи најдобрата фудбалерка.
Наградата и припадна на фудбалерката на Барселона, Аитана Бонмати. Откако и честиташе, ја остави Бонмати да го одржи својот говор, а на организаторите им текна дека Ѓоковиќ не и ја предаде наградата.
На крајот Ѓоковиќ се извини за пропустот.