Јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, денеска презедоа одговорност за нападот со беспилотни летала врз Израел.
Дроновите се лансирани кон Еилат, јужен Израел како одмазда за неговата војна против Хамас
– Овие беспилотни летала припаѓаат на државата Јемен, изјави премиерот на Хутите, Абделазиз бин Хабтур.
Во израелското летувалиште Еилат на Црвено Море денеска се огласија сирени за тревога откако било регистриран дрон во израелскиот воздушен простор. Беспилотните летала бил пресретнати над Црвено Море.
Израелската војска соопшти дека го истражува инцидентот.