Вооружените сили на Египет денеска стационираа тенкови и оклопни возила во близина на преминот Рафах на границата со Појасот Газа. На теренот има десетици возила, пишува The Times of Israel. Порталот наведува дека Египет стравува од приливот на десетици илјади палестински бегалци поради израелскиот напад на Појасот Газа и досега ја држеше претежно затворена граница, дозволувајќи да минуваат само камиони со хуманитарна помош.
Опциите на Египет се ограничени со договорот од 1979 година со Израел во однос на бројот на сили што може да ги стационира на Синајскиот Полуостров, иако Израел повремено дозволува прекршување на тие граници кога Египет се бори против исламистичките бунтовници во областа.