Израелските војници денеска ја срушија куќата на функционерот на Хамас, Салех ал-Арури во населбата Арура кај Рамалах на окупираниот Западен Брег.
На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како е предизвикана контролирана експлозија.
Наредбата за уривање е донесена пред неколку дена.
Ал-Арури живее во Либан и се смета де факто за лидер на Хамас на Западниот Брег и е одговорен за некои активности на исламската екстремистичка организација на таа територија, јавуваат израелските медиуми.