Кипарските бродови наскоро ќе можат да пловат директно до Газа

Портпаролот на кипарската влада Констатинос Летимбиотис денеска изјави дека бродовите на земјата наскоро ќе можат да пловат директно во Газа, каде персоналот на ОН дополнително ќе дистрибуира хуманитарна помош на оние на кои им е потребна.

Летимбиотис рече дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „ја видел иницијативата во позитивно светло“ за време на телефонскиот разговор со кипарскиот претседател Никос Христодулидес, пишува „Тајмс оф Израел“.

Кипар работи заедно со другите земји од ЕУ на воспоставување логистички услуги за испорака на помош во Газа штом условите на теренот тоа дозволат. Бродови натоварени со медицински материјали, храна и облека ќе испловат од главното кипарско пристаниште Лимасол по безбедносни проверки за да се осигура дека ниту еден товарот не носи оружје што може да се користи против Израел.

Треба да знаете
Последни објави