Актерката Кортни Кокс, која се прослави со улогата на Моника во култната серија „Пријатели“, за прв пат беше видена во јавноста по трагичната смрт на нејзиниот колега и пријател Метју Пери.
Кортни беше снимена напуштајќи го ресторанот Нобу во Малибу, и во најмала рака, изгледаше тажно и расеано.
Актерката беше во друштво на своето долгогодишно момче, музичарот Џони Мекдејд.
Метју и Кортни покажаа како најдобрите пријатели завршуваат во брак во серијата „Пријатели“, а беа еден од омилените парови, а нивните заеднички сцени и денес ги гледаме на социјалните мрежи бидејќи обожавателите често ги споделуваат.
Освен што заедно глумеа во култната серија, Кортни и Метју беа блиски пријатели.
Серијата „Пријатели“ забележа невиден успех, а и денес е една од најпопуларните серии која ја обожаваат сите генерации.