Црвената полумесечина соопшти дека повторно се прекинати комуникациските и интернет услугите во Појасот Газа.
Повторно, ние околу пет часа немаме контакт со нашиот персонал во Газа, објави палестинската Црвена полумесечина на платформата Икс.
Комуникациските и интернет услуги во Газа се целосно прекинати, се наведува во објавата на Икс со хаштаг #NotATarget, со што се потенцира дека спасувачкиот персонал, хуманитарните работници и волонтерите не се мета на конфликтот.