Со панел дискусија на тема „Како растот на осигурувањето да го трансформираме во развој“, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) денеска ќе го одбележи 1 Ноември, Денот на осигурувањето. На настанот ќе се обрати и премиерот Димитар Ковачевски.
Во рамките на одбележувањето на Денот на осигурувањето, предвидено е и доделување 14 стипендии за студенти на математичките насоки на ПМФ, како и доделување награда за најдобар истражувачки труд на студент за влијанието на Ковид -19 пандемијата врз осигурителните пазари во земјите на Источна Европа.