„До крајот на месец ноември ќе чекаме одговор на нашата реакција и нашето барање до Европската комисија за воведената такса за транзит на руски гас од страна на Бугарија. Нашето барање е да се ослободат дополнителни капацитети на гасоводот кој што го имаме со Бугарија кој што е целосно закупен од Гаспром. Доколку не се ослободат потребните количини за нашите потреби ќе бараме конпензирање на штетата од страна на Европската комисија за непочитување на нивните Директиви, а зошто да не и да ја бараме правдата во меѓународен спор со Европската комисија со Булгаргастранс “, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешното гостување во емисијата Аргумент плус на Телевизија 24.