Владата на Боливија соопшти дека ги прекинува дипломатските односи со Израел, обвинувајќи ја земјата за злосторства против човештвото со нападите врз Појасот Газа.
– Владата одлучи да ги прекине дипломатските односи со државата Израел, како знак на отфрлање и осуда на агресивната и непропорционална воена офанзива на Израел во Појасот Газа, изјави заменик министерот за надворешни работи Фреди Мамани.
Претходно, шефицата на боливиската дипломатија Марија Нела Прада истакна дека „во Појасот Газа се извршени злосторства против човештвото врз палестинскиот народ“.
Боливија, која има левичарски претседател Луис Арсе, долго време беше критична кон Израел и ги прекина дипломатските односи во 2009 година поради конфликтот во Појасот Газа. Дипломатските односи беа повторно воспоставени дури во 2020 година.
Арсе синоќа имаше средба со палестинскиот амбасадор Махмуд Елавани.