Жосеп Борел, шефот на европската дипломатија е вџашен од бројот на жртвите по израелскиот воздушен напад во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа. По ваквите стравични слики тој наведува дека „законите на војната и човештвото мора секогаш да важат“.
Во објавата на социјалните мрежи, Борел напиша: „Следејќи ја јасната позиција на Советот на ЕУ дека Израел има право да се брани во согласност со меѓународното хуманитарно право и обезбедувајќи заштита на сите цивили, јас сум ужаснат од големиот број на жртви по Израелско бомбардирање на бегалскиот камп Џабалија“.
Во нападот, според извори од индонезиската болница во Газа, загинале повеќе од 50 луѓе, а уште 150 се повредени.