Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ денеска ќе ја одржи годишната конференција на тема: „Building Bridges: Towards Our Common Digital Future“, под мотото #DIGITALUNITED.
Целта е, како што соопшти Комората, да испрати порака за обединување на сите чинители во општеството, кои имаат огромна улога во процесите на дигитализацијата и дигиталната трансформација во земјава.
На конференцијата е најавено присуството на претседателот Стево Пендаровски, вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, и директорот на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот, Газменд Абдија.
Годишната конфенреција на МАСИТ се одржува во партнерство со ПроКредит банка, со поддршка на Пиксел, УСАИД и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.