Полициски службеници од Оперативен тим потраги денеска околу 13.20 часот на ул.„Бутелска“ во Скопје го лишиле од слобода Е.К.(22) од Скопје.
Од МВР соопштија дека тој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд-Скопје за издржување казна затвор од две години, а во врска со член 236 од КЗ.Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.