Во заостанат натпревар од 5. коло во македонската прволигашка фудбалска конкуренција, актуелиот првак Струга ТЛ како домаќин убедливо го совлада фенерџијата скопски Вардар со 4:0. Најтрофејниот клуб на мак-сцената Вардар, како повратник во прволиогашкото друштво сезонава се држеше во првото полувреме, но во второто стружани комплетно го надиграа и извојуваа сигурна победа со која се пробиваат кон водечките тимови во во првенствената трка за титулата.
Стрелци на головите беа Бесарт Ибраими, Ментор Мазрекај, Хадис Таири и Сенад Јаровиќ сите во второто полувреме.
Со новите три бода, Струга ТЛ има 24 и е само на бод помалку зад водечкиот двоец Шкупи и Шкендија.
Вардар е последен, 12-ти со 11 бода.