Христодулидис телефонски разговарал со Нетанјаху за предлогот за хуманитарен морски коридор до Појасот Газа

За спроведување на предлогот на Република Кипар за создавање хуманитарен морски коридор до Појасот Газа и за начинот на кој би се имплементирал, телефонски разговарал кипарскиот претседател Никос Христодулидис со премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, јави дописничката на МИА од Атина.

Христодулидис рече дека имал „долг телефонски разговор со премиерот на Израел“, но и дека дополнително ќе разговара и со претседателот на Франција за да видат како може да се спроведе предлогот. 

-Разговараме за деталите и се надевам дека наскоро ќе продолжиме со фазата на имплементација, рече кипарскиот претседател. 

Одговарајќи на новинарско прашање дали и колку одѕивот е позитивен, Христодулидис одговорил дека „секако дека е позитивен“.

Во однос на тоа како ќе функционира коридорот, дали ќе се контролира спроведувањето на предлогот, објаснил дека контрола ќе има и од Кипар, од каде што ќе тргне хуманитарната помош, но онаму каде што ќе заврши и токму за овие детали се разговара.

Треба да знаете
Последни објави