Директорот на Канал 5 со вклучување во емисија го избрка гостинот Рамадани

Екс пратеникот и долгогодишен политичар Исмет Рамадани вечерва гостуваше во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 и ја обвини телевизијата дека пропагира етничка дискриминација на Албанците. 

На ваквите негови наводи жестоко се спротивстави директорот на телевизијата, Иван Мирчевски, кој му порача дека е крајно неприфатливо што воопшто помислил нешто такво. Мирчевски рече дека телевизијата е отворена за сите националности, дека Албанците на ниеден начин не биле дискредитирани. 

„За мене во Македонија сите се Македонци, затоа што сите сме граѓани на Македонија. Етничката припадност ниту мене, ниту на некој друг во Канал 5 не е приоритет“, рече Мирчевски. 

Експресно реагираше МАН, од каде излегоа со поддршка на Канал 5.

Треба да знаете
Последни објави