Седумдесет и шест ранети Палестинци и 335 странци или лица со двојно државјанство денеска го напуштија Појасот Газа упатувајќи се кон Египет, бегајќи од војната, изјави египетски претставник на преминот Рафа.
-До 16:30 часот по локално време (14:30 според Гринич), амбулантни возила превезоа 76 ранети Палестинци во Египет, а шест автобуси однесоа 335 лица со странски пасоши или со двојно државјанство, изјави официјалниот претставник за француските меидуми.
Египетските власти соопштија дека денеска ќе дозволат преминување на 90 ранети Палестинци и на околу 545 странци и лица со двојно државјанство.