Претставници на шпанската Ла Лига контактирале со полицијата поради расизмот врз Винисиус Жуниор манифестиран минатиот викенд.
„Мундо Депортиво“ пренесува дека лигата, по спроведената истрага по натпреварот Барселона – Реал Мадрид (1:2) во 11. коло, испратила соопштение до органите на прогонот, во кое имало неколку видеа од дискриминаторско однесување на гледачите.
Ла Лига очекува полицијата да помогне во откривањето на оние кои го навредувале бразилскиот црномурест фудбалер.
Винисиус често пати е изложен на расистички навреди за време на натпреварите во Шпанското фудбалско првенство.