МАЛМЕД бара надлежните институции целосно и праведно да го расветлат случајот со Онкологија

Агенцијата за лекови и медицински средства изразува длабока загриженост за случувањата на Клиниката за Онкологија и бара надлежните институции целосно и праведно да го расветлат случајот.

Агенцијата во целост ја поддржува работата на Анкетната комисија за случувањата на истата клиника и во насока на тоа даде придонес со активно учество на седницата на анкетната комисија на 27 и 28 октомври.

Сакаме да ја информираме јавноста дека во целост е одговорено на барањата на Анкетната комисија и доставена е целокупната побарана документација која е во надлежност на МАЛМЕД а во интерес на заштита на јавното здравје на граѓаните.

Агенцијата и покрај тоа што нема надлежност над работата на клиниките и болниците вклучително и ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, работи посветено да обезбеди квалитетни и безбедни лекови. Граѓаните треба да бидат спокојни дека со постапките кои ги спроведува Агенцијата согласно законот добиваат квалитетни и безбедни лекови.

Приоритет на Агенцијата останува заштита на јавното здравје на граѓаните., се вели во соопштението од МАЛМЕД.

Треба да знаете
Последни објави