На 31.10.2023 во 16.15 часот во Кавадарци полициски службеници од ОВР Кавадарци Кавадарци ги лишиле од слобода Т.К.(38) и Р.А.(26), двајцата од Кавадарци, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба”. Тие вчера околу 15.20 часот од куќа на Т.А. од Кавадарци одзеле паричник во кој имало пари, картички и лични документи на оштетениот. Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.