Саудиска Арабија најостро го осуди израелското бомбардирање бегалски камп во Газа, во кое загинаа десетици луѓе.
„Кралството Саудиска Арабија на најостар можен начин го осудува нехуманиот напад на израелските окупаторски сили врз бегалскиот камп Џабалија во опколениот Појас Газа, во кој загинаа и повредија голем број невини цивили“, соопшти саудиското Министерство за надворешни работи на X.
Според Министерството за здравство на Хамас, најмалку 50 луѓе загинале во гранатирањето на кампот.
Според Израел, целта била да се убие командант на палестинското исламистичко движење „Хамас“.
Една недела по почетокот на конфликтот предизвикан од нападот на „Хамас“ против Израел на 7 октомври, Саудиска Арабија, која е регионална сила на Блискиот Исток, одлучи да ги прекине тековните преговори за можна нормализација на односите со Израел.
Најмалку 50 Палестинци и еден командант на Хамас се убиени во нападите.
Израелската војска соопшти дека 11 војници биле убиени во вчерашните борби во Газа, што е најголем број жртви за израелските вооружени сили од 7 октомври, кога милитантите на Хамас го нападнаа јужен Израел, при што загинаа повеќе од 300 војници и 1.100 цивили.