Поради дефект на затварач, денеска, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Бриселска“, „Његошева“, „Софиска“, „Стокхолмска“ и „Петар Драганов“.
Прекинот со водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, ќе биде од 09:40 часот до отстранување на дефектот.