Тојота повлекува скоро 1,9 милиони RAV4 за да ги поправи батериите кои можат да доведат до пожар

Тојота вчера соопшти дека повлекува речиси 1,9 милиони мали теренци RAV4 во САД за да го реши проблемот со батериите што можат да се поместуваат при насилни вртења и потенцијално да предизвикаат пожар, објави NBC News.

Повлекувањето опфаќа одредени RAV4 од моделските години од 2013 до 2018 година. Тојота во соопштението рече дека некои заменски батерии од 12 волти што се користат во теренците имаат помали горни димензии од другите. Ако стегачот за држење не е правилно затегнат, батеријата може да се помести, дозволувајќи му на позитивниот терминал да дојде во контакт со стегачот што претставува опасност од појава на краток спој, велат од компанијата.

Тојота соопшти дека сè уште подготвува поправка. Кога решението ќе биде готово, дилерите ќе ги заменат стегачите за држење, фиоката за батерии и капакот на позитивниот приклучок со подобрени варијанти. Компанијата соопшти дека ќе ги извести сопствениците до крајот на декември.

Тојота одби да каже дали проблемот предизвикал пожари, несреќи или повреди.

Треба да знаете
Последни објави