Циципас, Хуркач и Де Минор во четврт-финалето на мастерот во Париз

Шестиот тенисер во светот, Гркот Стефанос Циципас денеска се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Париз, откако во два сета го совлада Германецот Александар Зверев со 7:6(2), 6:4. Циципас до победата над деветтиот тенисер во светот стигна по час и 58 минути игра.

Тој двапати го скрши сервисот на противникот, дозволувајќи еден брејк на другата страна.
Во четвртфиналето Циципас ќе игра против Русинот Карен Хачанов.

Пласман во четвртфиналето денеска обезбеди и Хуберт Хуркач, 11. тенисер во светот кој го совлада Аргентинецот Франциско Серундола со 2:0 во сетови 6:4, 6:3.

Хуркач по час и осум минути игра го совлада 21. играч на АТП листата.

Тој во четвртфиналето ќе игра против бугарскиот тенисер Григор Димитров.

Во четвртфиналето ќе игра и Австралиецот Алекс Де Минор, бидејќи мечот му го предаде Италијанецот Јаник Синер.

Противник во четвртфиналето ќе му биде Русинот Андреј Рубљов.

Треба да знаете
Последни објави