Галант: Имаме решенија за уништување на тунелите на Хамас под Газа

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека израелската војска има „уникатни решенија“ за уништување на огромната мрежа тунели изградена од палестинската милитантна група Хамас под Појасот Газа.

„Имаме уникатни решенија за да стигнеме до сите тунели и да ги демонтираме под земја, ние сме подготвени да го направиме тоа“, рече Галант во обраќање на израелските единици кои чекаат да влезат во Газа, пренесува Тајмс оф Израел.

Претходно денеска медиумите од Блискиот Исток објавија дека израелските воени инженери започнуваат голема операција за уништување на тунелите на Хамас и ќе користат различни видови роботи и експлозивни направи.

„Ќе стигнеме секаде, а потоа терористите ќе имаат две опции: или да умрат во тунелот или да излезат. И таму или гинат од огнот на нашите сили или безусловно се предаваат. Трета опција нема“, изјави Галант.

Израелските трупи, наводно, веќе уништиле околу 100 тунели, не сметајќи ги погодените од воздушните напади. Поранешниот заменик началник на Генералштабот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Јаир Голан изјави дека „во никој случај“ војниците на ИД не смеат да влегуваат во „терористичките тунели на Хамас“.
I

Треба да знаете
Последни објави