Лазаров со 18 ракометари оди на двомечот со Грција

 Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров одлучи со кои 18-мина свои избраници ќе замине во Солун на двата контрони натпревари со соодветната селекција на Грција закажани за утре и в сабота во рамките на ЕХФ неделата.

На списокот на Лазаров се најдоа: Никола Митревски, Марко Томовски, Марко Кизиќ, Филип Талески, Филип Кузмановски, Иван Џонов, Игор Ѓоргиев, Мартин Велковски, Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов, Давид Савревски, Ненад Костески, Никола Костески, Цветан Кузманоски, Петар Атанасијевиќ, Жарко Пешевски, Никола Маркоски и Милан Лазаревски.

Поради повреда отпаднаа Марко Митев и Едвин Омерагиќ, додека друга шанса за настап ќе чекаат Стојковиќ и Ѓорговски.

Натпреварите меѓу Грција и Македонија ќе се играат утре (3 ноември) и в сабота (4 ноември) со почеток во 17:30 часот. 

Треба да знаете
Последни објави