Расте бројот на тигри во дивината

Се зголемува бројот на тигри во дивината, што е прво зголемување во овој век. Ова е значително зголемување, прво зголемување од последниот попис на овие животни направен во 2010 година. Под покровителство на Светскиот форум за дивиот свет и Светскиот форум за зачувување на тигри, само 3.200 тигри биле изброени во дивината во светот во тоа време.

Употребата на софистицирани, дигитални уреди за следење на нивното движење во природата, исто така, придонесе за зголемување на бројот на регистрирани животни.

На пример, на почетокот на 20 век, имало околу 100.000 од овие диви мачки. Најголем непријател на овој вид, чии природни живеалишта се шумите од Русија до Виетнам и Индискиот потконтинент, е – човекот. Ловокрадството, продажбата на кожи и сечењето на шумите во кои живеат тигрите, за преработка на дрва, се трите најголеми опасности кои го демнат добро познатиот предатор.

Најголемиот моментален пораст на бројот на единки е забележан во Индија, каде што живеела половина од вкупната популација на тигри на планетата. Во Русија, Бутан и Непал евидентиран е поголем број на припадници на овој вид, што се толкува како добро спроведување на заштитни мерки, односно контрола на опстанокот на заштитените живеалишта и спречување на ловокрадството.

Сепак, застрашувачки е да се знае дека од јануари 2000 година до април 2014 година, полицијата во различни држави запленила дури 1.590 тигри, кои биле планирани да завршат како плен на нелегалниот пазар на дивеч.

Треба да знаете
Последни објави