Американскиот сенатор Берни Сандерс од Вермонт денеска изјави дека катастрофата во Појасот Газа не може да продолжи и дека светот мора да дејствува за да ги спаси животите на невините луѓе.
„Катастрофата во Газа не може да продолжи. Светот мора да дејствува за да спаси невини животи. Но, како што е важна хуманитарната помош, подеднакво е важно да се изгради пат кон решение со две држави и демократска Палестина“, напиша Сандерс на социјалната мрежа X (Твитер).
Тој посочи дека насилството и на Западниот Брег е во пораст и покрај тоа што вниманието сега е насочено кон кризата во Газа.
„Обединетите нации објавија дека 170 напади од доселеници се случиле на Западниот Брег и дека 121 Палестинец се убиени од 7 октомври. Израел мора да стави крај на ова насилство“, рече Сандерс.