Спасовски: Грижата за личното здравје е влог како во  личните и професионални амбиции, така и во иднината на нашето општество

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес со свое обраќање зема учество на трибината „И машкото здравје е важно” организирана од Здружението за унапредување на здравјето „Филип Лукароски” и Македонскиот полициски синдикат по повод месецот на машкото здравје. Спасовски истакна дека машкото здравје често е тема за која не се дискутира доволно отворено, иако генерално социјалните норми и предрасуди спречуваат мажите да бараат помош или ако сакате – дури и да зборуваат за своите здравствени проблеми а посочи на фактот дека и тие споделуваат подеднакво исти проблеми кога зборуваме за здравјето како и припадничките на понежниот пол.

„Од аспект на Министерството за внатрешни работи, веќе со децении наназад, особено поради природата на работата, на надлежностите и одговорностите на вработените, независно дали станува збор за полициски службеници, овластени лица или службеници, нивната психо-физичката состојба се третира со особено должно внимание не само како организациски туку и како суштински неспорен критериум нормиран преку низа интерни акти и правилници а се со цел постигнување максимален професионален потенцијал во извршување на секојдневните задачи.”, рече  Спасовски.

Министерот образложи дека од круцијална важност е да почнеме поотворено и постручно да зборуваме како луѓе и како општество и на оваа тема – темата на машкото здравје, особено околу перспективите на концепциски осмислена превенција во насока на заштита и на машкото здравје, тргнувајќи пред се од пораката дека не смееме да дозволиме да се води само индивидуална борба и тоа во „тишина”, надвор од нужната помош и поддршка.

„Би сакал да упатам и апел до колегите, вработени во МВР, не само заради почитување на пропишаните норми туку и заради непосредниот личен интерес да одат на редовни медицински прегледи и скрининг тестови, бидејќи покрај заедничките напори, потребно е подигнување на свесноста и индивидуална грижа за сопственото здравје. “, испрати порака  Спасовски,  подвлекувајќи дека грижата за личното здравје е влог како во  личните и професионални амбиции, надежи и нивно остварување така и во иднината на нашето општество.

Треба да знаете
Последни објави