Либанската милитантна група Хезболах соопшти дека денеска го нападнала командното место на израелската армија во спорната област на фармата Шеба на либанско-израелската граница со два беспилотни летала наполнети со експлозив. Во соопштението, групата поддржана од Иран рече дека беспилотните летала биле наполнети со „големо количество експлозив“ и дека ги погодиле своите цели, објави „Џерусалим пост“.
Како одговор, израелските одбранбени сили (ИДФ) нападнаа неколку цели на Хезболах во јужен Либан.
„Израел нишанеше на неколку терористички инфраструктури на Хезболах долж границата, убивајќи многу терористи“, соопшти ИДФ. Израелските воздухопловни сили, како и артилериските сили, се ставени во состојба на готовност за веднаш да одговорат на какви било напади на Хезболах од внатрешноста на Либан, објави Јерусалем Пост.