Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за законот за амнестија е јасен. Прашањето е дали има недоразбирање меѓу пратениците од СДСМ и раководството на партијата, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, коментирајќи го денешното неизгласување на потребата од носење на овој закон во Собранието.
– Откако овој закон ја помина владината процедура, се најде на владина седница. Тоа може да значи дека Спасовски, Ковачевски, Маричиќ, Петровска, Грковска и останатите од СДСМ, го гласале на владина седница, а пратениците сега велат дека нема да го гласаат. Можеби прашањето сега треба да биде да не има некакво недоразбирање меѓу пратениците и раководството на СДСМ, рече Мицкоски.
Законот за амнестија што требаше да се носи по скратена постапка денеска не ја доби потребната поддршка од Собранието. „Против“ гласаа 66 пратеници, 17 беа „за“, а тројца гласаа воздржано.