ОН бараат 1,2 милијарди долари за помош на жителите на Газа и на Западниот Брег

Организацијата на Обединетите нации упати итен апел за 1,2 милијарди долари наменети за помош на околу 2,7 милиони луѓе во Газа и на Западниот Брег.

„Трошоците за задоволување на потребите на 2,7 милиони луѓе – целото население на Газа и 500.000 луѓе на Западниот Брег – се проценуваат на 1,2 милијарди долари“, велат од Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања.

„Во првобитниот апел, објавен на 12 октомври, се бараа 294 милиони долари за поддршка на речиси 1,3 милиони луѓе. Оттогаш ситуацијата станува сè поочајна“, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави