Основачот на Амазон, Џеф Безос, заминува од Сиетл во Мајами

Џеф Безос, кој го основа Амазон од неговата гаража во Сиетл во 1994 година, го напушта градот и се сели во Мајами за да биде во близина на неговите родители и неговата вселенска компанија Blue Origin.

Безос ја објави одлуката во објава на Инстаграм доцна во четвртокот, во која беше e вклучено видео на обиколка на една од најраните канцеларии на Амазон, гаражата на неговиот изнајмен дом во предградието Белви, Вашингтон, Сиетл. Таму Безос го лансираше Амазон како онлајн продавач на книги во 1995 година, пред да ја трансформира компанијата во малопродажен и облак-компјутерски гигант.

„Живеев во Сиетл подолго отколку на кое било друго место и имам толку многу неверојатни спомени овде“, напиша Безос. „Колку и да е возбудлив потегот, тоа е емотивна одлука за мене. Сиетл, секогаш ќе имаш дел од моето срце“.

Брзиот раст на Амазон го преобликува Сиетл, особено неговата област Јужen Лејк Унион, каде што се наоѓа седиштето на компанијата. Неговиот подем помогна Сиетл да се претвори во технолошки центар, што доведе до прилив на високоплатени технолошки работници, но донесе и повисоки кирии и многу бездомници.

Безос се повлече од функцијата извршен директор на Амазон во 2021 година, препуштајќи го кормилото на Енди Џеси. Безос премина во извршен претседател на управниот одбор на Aмазон.

Откако се повлече од функцијата извршен директор на Амазон, Безос потроши повеќе време на лични амбиции како што се Earth Fund и Blue Origin, како и на Вашингтон пост, кој го купи во 2013 година

Неговото присуство веќе некое време е надвор од Сиетл. Безос неодамна потроши 150 милиони долари за два соседни имоти во селото Индијан Крик во Мајами, честопати наречено „бункер на милијардерите“. Тој поседува и други имоти ширум светот.

Треба да знаете
Последни објави