Во чест на Метју Пери основана Фондација која ќе им помага на оние кои се борат со зависноста

Помалку од една недела по смртта на Метју Пери, во негова чест е најавено фомирање на Фондација Метју Пери која ќе им помага на луѓето кои се борат со зависноста, објави NBC News

„Фондацијата Метју Пери е реализација на трајната посветеност на Метју да им помага на другите кои се борат со болеста на зависност“, се вели во соопштението на веб-страницата. „Таа ќе го почитува неговото наследство и ќе биде водена од неговите сопствени зборови и искуства и водена од неговата страст да направи разлика за што е можно повеќе животи“.

Веб-страницата, исто така, ги содржи зборовите на Пери од 2022 година од подкастот „Q With Tom Power“ додека ги промовирал неговите мемоари „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“.

„Кога ќе умрам, не сакам „Пријателите“ да бидат првото нешто што се спомнува – сакам да им помагам на другите да бидат првото нешто што се спомнува“, се вели во цитатот. „И јас ќе го живеам остатокот од мојот живот докажувајќи го тоа.

Фондацијата Метју Пери е фонд со совет од донатори спонзориран и одржуван од Националниот филантропски труст.

Пери беше многу искрен за тоа како се бореше со зависноста во текот на неговиот живот.

Во своите мемоари, актерот не криел кога објаснувал колку време поминал на рехабилитација, дури и забележал дека живеел во установа додека ја снимал познатата епизода каде Чендлер и Моника се венчале.

„Половина од мојот живот живеев во една или друга форма на центар за лекување или куќа за трезвено живеење. Што е добро кога имаш дваесет и четири години, помалку добро кога имаш четириесет и две години.

Кога имав четириесет и девет, сè уште се борев да го симнам овој мајмун од мојот грб“, напиша тој во својата книга.

Треба да знаете
Последни објави