Александар Вулин поднесе оставка од функцијата директор на Безбедносно-информативната агенција (БИА) на Србија.
-САД и ЕУ ја бараат мојата гласа како предуслов за невоведување санкции кон Србија. Не ги предизвикав уцените и притисоците кон Србија и српскиот свет, но нема да дозволам да бидам причина за уцени и притисоци. Затоа поднесувам неотповиклива оставка од местото директор на БИА, пишува меѓу другото во своето образложение Вулин.