Дуња – содржи двојно повеќе витамин Ц од лимонот

Дуњата содржи многу витамини, а во народната медицина се користи со децении. Пред сè, се користи за ублажување кашлица и смирување стомачни тегоби.

Самиот плод е лековит, но и семките и листовите. Дуњата може да се јаде свежа, но може да се прават сокови, компоти и сирупи, кои се еднакво моќни за решавање многу здравствени проблеми.

Плодот на дуњата изобилува со витамини и минерали. Содржи витамин Ц во големи количини, дури и повеќе одошто можат да се најдат во лимонот, потоа, витамини Б1, Б2, нијацин, каротен, калциум, магнезиум, калиум, бакар, натриум, цинк, железо, манган, натриум, хлор и сулфур. Покрај тоа, содржи и протеини, диетални влакна и јаглехидрати.

Најлековит дел од дуњата се семките од кои се прави чај. Кога ќе отстојат во вода, семките испуштаат слуз која ги решава проблемите со кашлицата и го прочистува дишниот систем. Покрај тоа, содржат и големи количини амигдалин, односно витамин Б17, кој има антиканцерогено дејство. Семките се богати и со масти, танин, пектин, шеќери, емулзин и протид.

Благодарение на танинот, слузта од дуњата поволно влијае врз работата на цревата и спречува инфективни болести. Пектинот поволно влијае врз крвниот систем, помага во снижувањето на крвниот притисок и пружа заштита од радиоактивно зрачење.

Сокот од дуња лекува кашлица, астма и дијареја, додека печена или варена дуња се препорачува за анемични лица, но и за лечење воспаленија на желудочната и цревната слузокожа. Може да помогне и за обилни менструации.
Приготвување сок од дуња:
Измијте и ситно изрендајте килограм дуња, па процедете го преку газа. Сокот испијте го веднаш, бидејќи брзо оксидира. Најдобро е да го пиете пред јадење.

Приготвување чај од дуња:
Прелејте ги семките од дуња со зовриена вода, оставете ги неколку минути да отстојат и потоа испијте го чајот.

Од дуња може да се приготвуваат и многу десерти, кои се еднакво лековити.

Треба да знаете
Последни објави