Тие се фитнес тренери, кои првично завршиле факултети за програмер и био-хемичар.
Денеска, покрај фитнес центарот – Фитнес Фабрика, имаат и subscription based
апликација за вежбање и производ – здрави чоколадни барови кој се продава на
многу продажни места во Македонија.
Елена и Атанас се успешни во градење на заедници на пријатели и следбеници, преку нивните социјални медиуми, но и преку грижата за луѓето кои доаѓаат и вежбаат кај нив. Имаат онлајн заедница од над 30 000 следачи.
Тие се партнери во бизнисот, но и во животот. Имаат две мали деца и зборуваат за тоа како заедницата во која живеат им помага да бидат успешни, да растат и да имаат семејство истовремено.
Дел од темите кои ги отворија Елена и Атанас во „Што го врти светот“ кај Јована се живеење и работење во заедница; како најдобрите идеи за развој на бизнисот им дошле од верните вежбачи и
блиски луѓе; како да се мотивираме да станеме од кревет и да бидеме активни; зошто е важно да ги учиме децата да спортуваат.
Погледнете ја Епизодата на линкот во продолжение: