Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција во поширокиот регион околу Атина, јавува ЕМСЦ. Тлото се затресло во 8.26 часот по локално време, во централна Евија, на длабочина од 14,2 километри.
Потресот, кој го почувствувале и жителите на Атина бил со епицентар на шест километри од градот Прокопи, во централниот дел на островот.
Како што пренесуваат грчките медиуми, засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.
По овој земјотрес следувал уште еден потрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала на истата локација, седум минути подоцна.