Најпрестижното индивидуално признание во фудбалот „Златна топка“, од идната година заеднички ќе ја доделуваат Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) и Амаури Група која го претставува францускиот неделник „Франс Фудбал“ и весникот „Л’Екип“.
УЕФА и Амаури Група, творецот на „Златната топка“, потпишаа договор во партнерство за соорганизација на доделувањето на оваа награда од идната година.
Договорот е потпишан на седум години, откако е раскината досегашната соработка меѓу француските организатори и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). „Амаури“ ќе остане мнозински сопственик на Златната топка, и натаму ќе има удел во гласањето.
Од идната година ќе бидат додадени и две нови категории: тренер на годината и женски тренер на годината.