На 02.11.2023 во 10.55 часот на Јакимовски пат во Виница, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница го лишиле од слобода Д.Ѓ.(27) од с.Јакимово, виничко. При претрес кај него и во неговото патничко возило „фолксвгаен пасат” без регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, дробилка и воздушна пушка. Подоцна, исто така со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом во с.Јакимово, при што биле пронајдени и одземени пиштол и предмети со остатоци од прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.