Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил денеска изјави дека не гледа како изборите во Србија или во САД, би можеле да го остават настрана дијалогот меѓу Белград и Приштина или да го запрат на одреден временски период.
Српски медиуми објавија на својата веб-страница делови од изјава на Хил за Танјуг при што тој нагласува дека очекува дијалогот да продолжи и дека мора да се погледне „флексибилноста на Белград и Приштина“, бидејќи „на крајот и неизбежно тоа ќе треба да биде процес на давање и земање“.
„Секако не сакам да се преправам дека не сме во изборна сезона. Ние сме во изборна сезона, а изборните сезони, без разлика дали се во Србија или во САД, секогаш претставуваат посебни предизвици за политиката. Но, што се однесува до бриселскиот дијалог, не гледам како може на кој било начин да биде оставен настрана или паузиран на кој било начин“, рече Хил.