Зошто жените живеат подолго од мажите? „Постојат неколку причини…“, велат лекарите

Според Еуростат, разликата меѓу очекуваниот животен век на жената и мажот е околу 5,5 години во корист на жените, додека во САД разликата е малку повисока и изнесува приближно шест години (очекуваниот животен век за жените е 79 години, додека за мажите е 73 години), а според лекарите, постојат неколку причини зошто жените во целиот западен свет живеат подолго од мажите.

„Естрогенот ги одржува здравите крвни садови со тоа што предизвикува дилатација (проширување на крвните садови) и ја подобрува функцијата на ендотелијалните клетки“, рече др. Роберт Сегал, кардиолог и основач на кардиологија на Менхетен. „Може да го подобри протокот на крв и да го намали ризикот од атеросклероза, која е главната причина за срцеви заболувања“, објасни тој, додавајќи дека постои уште еден начин на кој репродуктивниот хормон им помага на жените.

„Естрогенот може да го подобри профилот на холестерол со намалување на нивото на ЛДЛ (лошиот) холестерол и подигање на нивото на ХДЛ (добриот) холестерол. Исто така, вели др. Сегал, антиинфламаторните својства на естрогенот помагаат да се намали воспалението во крвните садови, што може да го намали ризикот од хронични кардиоваскуларни болести како што се коронарна срцева болест, срцев удар, мозочен удар и срцева слабост. Да потсетиме дека кардиоваскуларните заболувања се прва и најчеста причина за смрт во повеќето западни земји.

„Друга причина зошто жените живеат подолго од мажите е тоа што не се впуштаат во ризично однесување толку често“, вели др. Рохит Вупулури, кардиолог од Чикаго, кој забележува дека почесто мажите се склони кон „лоши“ навики како што се пушење цигари, пиење алкохол, употреба на дрога и лошо јадење.

„Сите овие однесувања“ го зголемуваат ризикот од хронични болести како хипертензија, хиперлипидемија, дијабетес мелитус, хронична опструктивна белодробна болест, хронична бубрежна болест, цироза на црниот дроб и дебелина“, вели кардиологот, а сите овие хронични заболувања на крајот можат да доведат до прерана смрт. „Мажите, исто така, имаат поголема веројатност да имаат опасни работни места, да возат повеќе невнимателно и да преземаат повеќе ризици во спортот. Ова може да доведе до несреќи и повреди, што може да им го направи животот уште пократок“, рече Сегал.

Редовното консумирање на поздрава и похранлива храна исто така може да ни помогне да живееме подолго, а според истражувањата жените посветуваат повеќе внимание на ова отколку мажите. Диететичарката Бланка Гарсија вели дека гледа повеќе жени кои купуваат намирници, планираат оброци и бараат помош од нутриционистите за да ги задоволат нивните нутриционистички потреби отколку мажи.

Со сето горенаведено, студија од 2017 година на Американската академија за семејни лекари покажа дека жените почесто одат на лекар.

„Мажите многу почесто ги отфрлат болките во градите и отежнато дишење и ги сметаат како мали симптоми кои ќе исчезнат сами од себе наместо да бараат лекарска помош; а кога конечно одат на лекар, резултатите од различните студии покажуваат дека помалку ги следат нивните упатства од жените.

Треба да знаете
Последни објави