Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе присуствува на завршувањето на градежните работи на топловодот од РЕК Битола до Битола и почетокот на активностите за изградба на топловодната мрежа низ градот.
Како што е најавено, изјави за медиумите ќе дадат премиерот Ковачевски, генералниот директор на ЕСМ Васко Стефанов и директорот на ДООЕЛ „Топлификација Битола“ Горан Козаров.