Мемоарите на американската пејачка Бритни Спирс, под наслов „Woman in Me“ (Жената во мене), се продадени во 1,1 милион примероци само во САД во првата недела по објавувањето.
– Во овие мемоари ги влеав срцето и душата и благодарна сум им на многубројните обожаватели и читатели ширум светот за нивната непоколеблива поддршка, изјави меѓу другото Спирс.
Податоците за продадените примероци вклучуваат купени и однапред нарачани печатени книги, како и аудиокниги и е-книги.