На прес-конференција во Јордан по тамошните дипломатски разговори, државниот секретар на САД Антони Блинкен и министрите за надворешни работи на Јордан и Египет зборуваа за нивната заедничка посветеност за постигнување мир меѓу Израел и Хамас. Но, тие не се согласија околу притисокот за прекин на огнот.
Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри повика на итен прекин на огнот во Газа „без никакви услови“. Тој додаде дека Израел треба да престане да „ја попречува испораката на хуманитарна помош“ и повика на истрага за кршење на меѓународното право за време на оваа војна.
Блинкен, сепак, рече дека САД поддржува хуманитарна пауза во конфликтот, но не и прекин на огнот.
„Нашето мислење е дека прекинот на огнот едноставно ќе го остави Хамас во состојба да се прегрупира и да го повтори 7-ми октомври“, рече тој, потврдувајќи го ставот на САД дека „Израел има право да се брани“.
Хуманитарните паузи, рече Блинкен, ќе овозможат неопходната помош да стигне до Газа, а истовремено ќе му дозволи на Израел да ја продолжи својата борба против Хамас.