Водата од градскиот водовод во Струга не е за пиење, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Струга.
Според информацијата забраната за пиење на водата е поради заматеност предизвикана од врнежите од дожд кои го зафатија регионот.
– Ги замолуваме сите граѓани да не користат вода од водоводот до следното известување, стои во информацијата на Јавното претпријатие.