Непознат маж, кој наводно е вооружен, влетал со автомобил на аеродромот во Хамбург, при што ја пробил безбедносната бариера и се упатил кон пистата.
Вооружен маж се забарикадирал во автомобил со две мали деца на територијата на аеродромот во Хамбург.
Според германскиот весник „Билд“, тој дури и неколку пати пукал со огнено оружје.
Аеродромот во Хамбург потврди дека го прекинал воздушниот сообраќај поради тековните „полициски мерки“.
Влезовите на сите аеродромски терминали се затворени.